https://www.facebook.com/photo/?fbid=489067906757932&set=pcb.489068703424519

07.02.2023 Скопје

Според владините податоци на Турција, повеќе од 13 милиони луѓе во Турција се погодени од катастрофалниот земјотрес што го погоди пограничниот регион меѓу Турција и Сирија.

Министерот за урбанизам, Мурат Курум, истакна дека овој земјотрес директно „погоди 13,5 милиони наши граѓани“. Воедно, додаде дека спасувачката работа продолжува.

Курум, исто така, истакна дека некои патишта се непроодни и се работи на нивно подобрување, во некои области нема вода, а се прават напори што поскоро да се санираат штетите и да се снабдат луѓето со вода.

„Страдањето е неописливо“, рече тој, додавајќи дека секој час е скапоцен.

Министерот за урбанизам се обидува да ги охрабри граѓаните, нагласувајќи дека во претходните земјотреси луѓето се спасувале и по 100 часа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author