02.02.2023 Скопје
Косовскиот премиер Албин наведе шест услови за прифаќање на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои и барањето таа да се формира по конечниот договор со Србија и да нема извршни овластувања.
Првиот услов е Заедницата да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Косово, вториот е дека не може да биде еднонационална, третиот е да и се смени името и четвртиот е да не може да има каква било јавна или извршна власт.
Според Курти, ЗСО мора да служи на хоризонталната соработка на општините во согласност со Уставот и законот за самоуправа, а правата на малцинствата треба да се воспостават на принципот на реципроцитет, што значи дека секое право на Србите на Косово треба да биде и за Албанците во Србија.
Петтиот услов е Заедницата да биде дел од конечниот договор и да се формира по меѓусебното признавање, а шестиот услов е претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги повлече писмата испратени на адресите на петте земји членки на ЕУ и другите да не го прифаќаат Косово како членка на Европската Унија.
Подготвено од М.Н.