https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/33980311122/in/photolist-TLHYD9-2jDjDLg-2nv2ZMH-Tj8opS-2nnJbUx-nAo9nz-2jr1t7L-CTDGur-YM1bEK-2hAWGQG-SVEt9q-FVtBu9-RhdrtL-2iahPvG-2nv8G2s-2nv9Vnj-BMN2oe-p7Uuy9-mXRHdr-2jDkqLc-SVEtiJ-TgRz9m-SgQdu6-SVEteA-TvEdqZ-2jDg9LW-2nnKRdv-2gD14NC-2nnKx9Q-NhLyH3-SeFi37-2jDkqWN-2nqGgsX-RUVTZ6-2gJ5yip-2nqHAKZ-ap4sXr-25w2jGd-25w2jEE-DfwGRt-2kHeftc-2nqGgtD-FfEMui-PMQ4A9-nAoBMA-2nqGguk-2hKbbSi-DxAL96-2nqGpo1-LLRrsb

03.02.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во парламентот изјави дека Белград можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија.

„Не сум воодушевен за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичката определба на нашата раководство“, изјави Вучиќ.

Вучиќ истакна дека веднаш ставил до знаење дека ништо не му се допаѓа во предлогот на Европската унија кој е поврзан со решението на косовскиот проблем.

„Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ“, изјави Вучиќ, и истакна дека водењето на земјата бара огромна одговорност.

Подготвено од М.Н.

About Author