03.02.2023 Скопје
Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, изјави дека разузнавачката агенција проценува дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија.
Барнс додаде дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели.
Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Барнс изјави дека агенцијата верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг е „донекаде отрезнат“ од војната во Украина, но дека би било грешка да се потцени посветеноста на Пекинг и Москва на нивното заедничко партнерство.
Барнс, кој неодамна престојуваше во Украина за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Си најверојатно бил изненаден и вознемирен од лошите перформанси на руската војска, но додаде дека пријателството меѓу Русија и Кина не е целосно безгранично.
Руската инвазија ја поттикна загриженоста на Западот дека Кина може да направи сличен потег во Тајван, остров за кој Пекинг тврди дека е негова територија.
Според Брнс, кинескиот претседател Си се уште има сериозни амбиции во врска со Тајван и предупреди дека конфликтот околу островската држава би бил „очигледно несреќен“ за сите инволвирани.
Подготвено од М.Н.