https://www.flickr.com/photos/18378305@N00/48026874878/in/photolist-2gaYhES-2cFwoSw-2g7cdEJ-Dw1Ejj-2iWBcFH-2nKh2kk-dp69nx-rtJCsT-2nnWoZb-dpkbSD-jDtZ1D-hNw55y-2jiMP65-dCTZPq-ij6sSY-5NuwFb-HsvE6w-pv7rZr-r69XTn-8gKYUo-b6sFfn-5bmn9R-M3Wa9g-2hZKUWs-ngtMrg-sX4VWQ-dtXvN4-2ockCog-f6frS-jw5bFx-2ocgEDj-2m5gDWX-9Ck8u8-amXjq1-2kScHdE-dpoyGa-pC8n8C-Fv8Psy-dpExH1-2irk1nN-8ZwX6r-aCjjMS-ocrErR-s5DK6a-GQGkNS-9yAitF-9CZCug-AypqZY-2gjzjpR-pmfUcP

02.02.2023 Скопје

Генералниот директор на Дојче банка, Кристијан Севинг, соопшти дека профитот на банката во 2022 година бил најголем во последните 15 години, благодарение на новата стратегија, а од помош бил и големиот даночен кредит.

Добивката на банката пред оданочување порасна за 65 отсто минатата година и достигна 5,6 милијарди евра (61,6 милијарди долари), соопшти Севинг.

Нето приходот се зголеми повеќе од двојно на годишно ниво, на околу 5,7 милијарди евра.

По одбивањето на каматите на сопствениците на обврзниците, акционерите имаа повеќе од пет милијарди евра профит, што е повеќе од 1,9 милијарди евра една година претходно.

Најновите бројки покажуваат дека банката се враќа на она ниво на профит што ги објави пред финансиската криза во 2008 година.

Во 2007 година, рекордна година, Дојче банк забележа добивка пред оданочување од повеќе од 8,7 милијарди евра. Банката потоа беше принудена да направи значителни промени по кризата, по што соопшти дека е во загуба пет последователни години, заклучно со 2019 година.

Подготвено од М.Н.

About Author