https://www.flickr.com/photos/ikreis/9655865997/in/photolist-fHfQye-f45csV-fuqKxJ-pfPiWD-nCAoAi-ynQJX9-RtU1zf-anfCxz-24Xnk8y-foYnSm-enwpmL-rF28B-aGeB7P-dqEX8h-9xpNmH-Hj2Za-dpYZV3-p5XKdP-pUCrfN-q9EMkB-bG8zNT-nGK3aH-dpYZHG-aGek8t-bx4NLn-6KBTQW-aa7q2V-ffUpB7-8qL4Na-urnpzx-dXnD9D-qMqAcq-prXWpt-kir7ux-dxdHxp-8JMEYk-ePng6A-r6NQ4f-hYFxBQ-GitT8j-8uXrVm-j5NWvD-84KkS5-egfb75-a7Y2av-8qL47K-jXo1Nj-dqapZH-ZdYkw-CD1mRQ

03.02.2023 Скопје

Компаниите „Ибердрола“ и „Просолија енерџи“, кои се занимаваат со производство на соларни панели, во Португалија ќе ја градат најголемата фотонапонска централа која ќе биде петта најголема централа во светот.

Соларната централа ќе се гради во општината Сантијаго де Касем во португалскиот регион Сетубал.

Од компанијата „Ибердрола“ соопштија дека , за изградбата на централата е добиена и согласност од Португалската агенција за животна средина (АПА).

Централата ќе има моќност од 1.200 мегавати и ќе бидат вработени 2.500 луѓе, а се очекува да започне со работа во 2025 година.

Подготвено од М.Н.

About Author