Црна Гора

03.02.2023 Скопје

Засега се пријавени тројца кандидати за претседателските избори во Црна Гора, закажани за 19 март.

Станува збор за Андрија Мандиќ, претседател на НСД и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Милојко Спајиќ, лидер на движењето Европа сега и Дејан Вукшиќ од Христијанско-демократското движење.

Партиските тела на партиите членки на ДФ вчера му дадоа поддршка на Мандиќ, и истакнаа дека, веруваат во победа и дека очекуваат поддршка од сите граѓани на Црна Гора.

Лидерот на Демократите Алекса Бечиќ извести дека и неговата партија ќе има свој кандидат, но не ја исклучува можноста да го поддржи кандидатот на ПЕС Спајиќ.

Рокот за поднесување на кандидатурите за претседателските избори завршува на 26 февруари на полноќ.

Подготвено од М.Н.

About Author