https://www.facebook.com/ZdruzenieNaNovinariteNaMakedonija/photos/a.163470227009403/4903795159643529/

03.02.2023 Скопје

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес, се вели во реакцијата од новинарските организации.

Новинарот Огнен Чанчаревиќ го осуди директно однесувањето на министерот Бектеши, по што доби одговор дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари.

Не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари, ЕФН и Совет на Европа.

Ова веќе е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири.

Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите, истакнаа од ЗНМ и СЕММ.

Подготвено од М.Н.

About Author