02.02.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен изјави дека во Хаг ќе биде отворен центар за истрага на злосторствата и собирање докази за акти на агресија во Украина.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг веќе ги истражува наводните воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со руската инвазија врз Украина.
Кривичниот суд може да гони ако има доволно докази дека злосторството геноцид е извршено во Украина, но нема јурисдикција да гони за наводните дела на агресија извршени од Русија.
Фон дер Лајен е во официјална посета на Киев заедно со неколку високи претставници на ЕУ.
Подготвено од М.Н.