05.01.2023 Скопје

Македонскиот уметник Зоран Попоски во периодот од 6 до 31 јануари 2023 година ќе учествува на групната изложба „Уметноста на креативното истражување“ во Уметничката галерија на Националниот институт за образование во Сингапур.

На изложбата ќе учествуваат 15 врвни уметници, професори од Лондон, Хонг Конг и Сингапур, вклучително и од Универзитетот Кембриџ, Универзитет колеџ Лондон, Кралскиот колеџ за уметност итн.

На изложбата Попоски ќе се претстави со видеоарт од неговата понова продукција.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и во САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *