11.01.2023 Скопје
Како што се најавуваше во изминатиот период, денес официјално е потврдена позајмицата на Жоао Феликс во редовите на Челзи.
Феликс пред да дојде во Челзи потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, а за позајмицата „сините“ на „јорганџиите“ ќе им исплатат 11 милиони евра.
Во договорот помеѓу Атлетико Мадрид и Челзи нема опција за откуп, па така се очекува по завршувањето на сезоната Португалецот да се врати во Мадрид.
Феликс изјави дека многу е возбуден и среќен бидејќи ќе игра на „Стенфрод Бриџ“ за еден од најбогатите клубови во светот.
Подготвено од М.Н.