https://znm.org.mk/wp-content/uploads/2022/08/ZNM.jpg

28.01.2023 Скопје

Теми на вчерашниот состанок кој се одржа во СВР Тетово беа предизвиците во известувањето и документирањето на настаните од јавен простор во полошкиот регион и подобрување на комуникацијата на новинарите со претставниците на МВР, посебно со помладите службени лица.

Новинари од тетовскиот регион и претставници на МВР отворено разговараа за начините како да се унапреди работата на новинарите и како тие побезбедно да ги извршуваат своите задачи на терен, без притоа да бидат попречувани.

Соработката помеѓу претставници на медиумите и полицијата е нужна посебно кога станува збор за специфични настани како што се протести и јавни собири, официјални и протоколарни посети на градот Тетово во случаи во кои имало разни законски прекршоци или несреќи на јавен простор.

Присутните на овој работен состанок разговараа за потребата од меѓусебно почитување помеѓу полицијата и медиумите со цел да се продлабочи меѓусебното разбирање, но и да се зајакне безбедноста на новинарите и снимателите.

Беше констатирано дека потребно е повеќе работа и обука во иднина посебно со помладите генерации на службени лица во МВР кои имаат помалку пракса во работата. На овој начин би се превенирале идни недоразбирања, но и би се подобрила меѓусебната почит и професионална и одговорна комуникација помеѓу полицијата и медиумите, што придонесува кон градење силна соработка помеѓу заедницата и полицијата исто така.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author