егејско море

19.01.2023 Скопје

Утрово во 04:22 часот по локално време, земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтер се случи во Егејското море, при што бил почувствуван во северниот дел на Грција, во Солун, вториот најголем град во земјата.

Земјотресот бил почувствуван и на турското западно крајбрежје, на 161 километар од Измир, град со популација од 2,5 милиони жители.

Бил на длабочина од 13 километри. Особено вознемирувачки бил за грчките острови во тоа подрачје како Тасос, Лимнос, Самотраки, особено Лезбос кој е најблиску до епицентарот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author