https://twitter.com/jensstoltenberg?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Eauthor

25.01.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува земјите-членки на алијансата да ја зголемат целта на трошоците за одбраната, кои во моментов изнесуваат 2 отсто од нивниот БДП, од кога ќе се состанат на самитот во Вилнус во јули.

Уште во 2014 година, земјите-членки на НАТО ветија дека ќе ги зголемат одбранбените распределби од најмалку 2 отсто од БДП до 2024 година и најмалку 20 отсто од буџетот за одбрана за опремата на вооружените сили.

„Претпоставувам дека ќе има нова цел за трошоците за одбраната кога ќе се сретнеме на самитот на НАТО во Вилнус во јули оваа година“, изјави Столтенберг.

Столтенберг истакна дека, неможе да потврди сега каков договор ќе има меѓу земјите-членки, но дека секако ќе се разговара отворено, и дека ќе го дадат својот напор за зголемување на процентот на трошоците на одбраната бидејќи сите се свесни дека треба да се инвестира повеќе поради руската агресија на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author