20.01.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден откако САД ветија дополнителни 2,5 милијарди долари воена помош за Украина, и потенцираше дека новото оружје и воената опрема ќе бидат важни за борбата против агресорите.
Администрацијата на Џо Бајден најави дека ќе обезбеди нова дополнителна помош за Украина.
Пакетот вклучува 59 борбени возила „Бредли“, 90 оклопни транспортери „Страјкер“ и 53 возила заштитени од мини, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.
Исто така во пакетот мерки вклучено е дополнителна муниција за артилериски ракетни системи со висока подвижност (HIMARS), осум системи за воздушна одбрана „Avenger“, десетици илјади артилериски куршуми и околу 2.000 противтенковски проектили.
Од почетокот на војната до сега САД севкупно одвоија повеќе од 27,4 милијарди долари безбедносна помош за Украина.
Подготвено од М.Н.