06.01.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја коментираше наредбата на Путин, за прекин на огнот за време на православниот Божиќ.
„Сакаат да го искористат Божиќ како покритие за да го спречат напредувањето на нашата војска во Донбас барем на некое време, и да донесат опрема, муниција, и војници поблиску до нашите позиции. Што ќе постигнат? Само повеќе жртви. Сите во светот знаат дека Кремљ користи примирје со цел војната повеќе да се вжешти“, изјави Зеленски.
„Оваа војна да заврши што е можно поскоро, потребно е нешто сосема друго. Неопходно е граѓаните на Русија да најдат храброст и да се откажат од својот срамен страв кон Путин. Вашиот страв од него ја уништува вашата земја. Војната во Украина ќе заврши кога руските војници ќе заминат или ние ќе ги истераме“, додаде украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Предходно, Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина, кој ќе трае ден и половина. Кремљ објави дека примирјето е наредено од Путин по повод одбележувањето на Божиќ, кој православните христијани го слават во сабота.
Подготвено од М.Н.