21.01.2023 Скопје
Олена Зеленска се обрати на Светскиот економски форум во Давос откако западните сојузници ги уништија надежите на Украина за брза испорака на борбени тенкови.
„Западните сојузници на Украина би можеле да ги надминат одложувањата во спроведувањето на мировниот план од десет точки на земјата, доколку секоја земја преземе одговорност за еден дел од него“, истакна првата дама на Киев.
Зеленска изјави дека многу животи се изгубени бидејќи Западот не успеал да и достави оружје на Украина на краток рок за да ги истера руските сили, а поради тоа и голем дел од инфраструктурата на земјата е уништена.
Планот објавен во ноември на самитот на Г-20 од нејзиниот сопруг, украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така повикува на помош во безбедноста на храната и енергијата и воспоставување механизми за спречување на ескалација на конфликтите во евроатлантската област.
Подготвено од М.Н.