zelena kometa

18.01.2023 Скопје

Светло зелена комета е на траекторија која во вселената ја води блиску до Земјата за прв пат по 50.000 години и ќе биде во близина на нашата планета околу еден месец.

Претставниците на НАСА изјавија дека ледениот посетител првпат бил забележан во март 2022 година додека бил во орбитата на Јупитер. Почнувајќи од четврток може да се види преку двоглед како мал зелен сјај на оние на северната хемисфера.

Научниците потенцираат дека најблиску до Земјата ќе биде на 2 февруари.

Претходно овој месец, НАСА на својот блог објави дека кометите се злогласено непредвидливи, но ако оваа го продолжи сегашниот тренд во осветленоста, ќе биде лесно да се забележи, истакнувајќи дека едноставно е можно да стане видлива со голо око под темно небо.

Според НАСА, леденото небесно тело, наречено C/2022 E3 (ZTF), го прави своето најблиско приближување до Сонцето на 12 јануари пред најблиското приближување до Земјата на 2 февруари. Последен пат кога оваа комета поминувала блиску до Земјата, на планетава се уште живееле Неандерталците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author