23.01.2023 Скопје
Денешната владина седница во Република Србија на која присуствуваше и претседателот Александар Вучиќ заврши, соопшти владината прес-служба.
Вучиќ ги информирал членовите на Владата за состојбите, предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија, кога е во прашање Косово, соопшти прес-службата на Владата на Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во 20:00 часот ќе и се обрати на јавноста, а како што соопштија од службата за медиумска соработка на Претседателот на Република Србија, обраќањето ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.
Според предходните објави дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да даде оставка, а потоа ја напуштил средбата.
Подготвено од М.Н.