13.01.2023 Скопје
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини присуствуваа на почетокот на изградба на втората фаза на фекалната канализација во Страчинци.
Со оваа втора фаза, која денес отпочна со реализација, ќе се изгради нова мрежа во должина од над 6 километри за населеното место Страчинци да добие фекална канализација.
Градоначалникот Стефковски истакна дека е посебно среќен што денес има можност заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини да присуствуваат на почетокот на изградбата на втората фаза на фекалната канализација во Страчинци. Исто така, додаде дека во првата година од неговиот мандат е реализирана првата фаза од фекалната канализација за Страчинци со средства од буџетот на општина Гази Баба.
Подготвено од А.Ѓ.