https://www.facebook.com/photo?fbid=108641895895152&set=ms.c.eJw9ysENACAIA8CNjK2UlP0X84HyvOSwnQFbLkFn4blIh~%3BO7qIRR4~%3B4c99cFh0sQNA~-~-.bps.a.108641545895187

11.01.2023 Скопје

По изрекувањето на правосилните пресуди во постапката против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, државата покрена постапка за наплата на отштета од околу 1,3 милиони евра.

Конфискуваниот имот на Санадер и неговото семејство, кој се состои од недвижен имот, земја и вредни уметнички дела, ќе биде ставен на продажба.

Куќата во Крапје кај Лоњско поле, е една од недвижностите што исто така ќе се продаваат, а хрватските медиуми истакнуваат дека постапка за јавна продажба ќе биде покрената за уште четири недвижности од кои најголем дел се запишани во регистрите на земјиште на семејството на поранешниот премиер.

Во согласност со Законот за државен имот, надлежното хрватско министерство го презеде управувањето со трајно одземениот движен и недвижен имот на Иво Санадер.

Подготвено од М.Н.

About Author