03.01.2023 Скопје
Со денови Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, но решение за проблемот со загаденост на воздухот и по којзнае кој пат се уште нема. И покрај направените скапи студии за да се утврди која е причината за огромното загадување на градот, се уште нема никакви резултати.
Надлежните институции предлагаат алтернативи како што се пешачење, возење велосипед и користење јавен превоз за да се намали загадувањето, но реалноста е друга, никој не е растрчан или загрижен, само добро се глуми, а дека загадениот воздух полека, но сигурно не убива повеќе не е тајна.
Во скопскиот воздух не се проблем само често споменуваните ПМ 10-честички, ретко или никој не споменува што се друго дишеме.
Јаглеродниот моноксид, азотниот диоксид, сулфурниот диоксид и оловото ја прават астмата потешка и честа, предизвикуваат рак на белите дробови и претставуваат водечки фактор за кардиопулмонална смрт.
Подготвено од М.Н.