05.01.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не би требало да испорачуваат тенкови на Украина.
„Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери дека не постои рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на Украина“, изјави Зеленски.
По остварен телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, во меѓувреме, го прекори германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабди Киев со тенкови.
Подготвено од М.Н.