https://www.facebook.com/photo/?fbid=158374967574605&set=br.AboSUVJ3yXdtRSM8GR1AMoRCgwcF_78zgmskQJOKICAADGWL0qatTueJoMn3YrWtLx0UyuLPQtpQ71XUtAGOgIImCpp3qIYPTS0i1NrN0i_4RpJWMfV2UwXGCCySqXBqYuXomKeGxt_ht0xDsKMK8hF_

07.01.2023 Скопје

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, на некои места има влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што информира АМСМ, на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author