20.01.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во регионот опаѓа ентузијазмот за влез во Европската Унија, особено во Република Северна Македонија и Србија.
Главните причините за тоа се големите политичките барања од страна на Европската унија кон овие две земји, а се однесуваат на национални и територијални прашања, истакна Вучиќ.
„Секако, тоа го зборуваа сите претставници на земјите, плус претставникот на привремената институција во Приштина и тоа што е повеќе од јасно е тоа дека постои пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Република Северна Македонија и Србија“, стои во изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Подготвено од М.Н.