https://www.flickr.com/photos/worldeconomicforum/24516966395/in/photolist-DmtRXa-2i7a3hD-drC7PD-D6mYwL-edJonH-D6G3AP-TjeLDi-Ts61sL-SgQdsn-SVEtAs-TvEep2-Ts61hf-TjeLRn-SVEtAN-TvEeiv-SVEtv7-TvEesZ-E1L41U-2nC73UX-2nv1hJ7-2nv7NS8-2nv93zc-MBgjVq-63E76d-2gJ6gFR-2nv9Vhz-2nv9Vor-2hj8gdH-2nv7qvJ-2nv8FX4-2iahPvG-2nv8G2s-2nv9Vnj-2nv2aL7-2nv7qxs-2nv9Vms-2nv9VkF-q5vsgC-nzEWir-BMN2oe-2hPTQa2-PX5duC-nRSzwi-nzFTR8-nS6ipA-nSaJ5a-2g2YTZ6-2iM8ojS-TDQkYe-cgCrYE

17.01.2023 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е ноторна лага, дека на барикадите на Косово имало членови на платеничката организација Вагнер и дека не е фер да се повикуваат Србите на војна во Украина.

„Не е фер да се повикуваат Србите во војната во Украина, не е фер ние да страдаме затоа што го примивме секој човек од Руската Федерација и затоа што рускиот е мајчин јазик овде и затоа што не воведовме санкции кон Русија“, изјави претседателот Вучиќ.

Вучиќ додаде дека сите оние кои повикуваат на оружје и војна се исто толку опасни за Србија како и оние кои велат дека треба да се откажат од Косово.

Во врска со притисоците врз Србија од странство, пред се од Европската Унија, Вучиќ истакна дека не се плаши дека Србија ќе биде третирана исто како Турција.

„Никого нема да пуштат во ЕУ пред Србија, но се плашам од повлекување на инвестициите бидејќи европските инвестиции од Русија беа повлечени многу брзо, иако инвестициите во Русија беа многу поголеми“, додаде Вучиќ и повтори дека по враќањето од Давос очекува средба со „големата четворка“ бидејќи европскиот пат е многу важен за Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author