05.01.2022 Скопје
„Ја завршивме 2022 година, па не можеме а да не бидеме незадоволни, успеавме да ја зачуваме финансиската стабилност, економијата, да имаме раст од 2,3 до 2,5 отсто, ги зголемивме платите и пензиите највисоко во Европа“, истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на годинешното обраќање пред српскиот народ.
„Во изминатите 10 години ја спасивме Србија од војна, ја кренавме од колена, вработивме уште 400.000 луѓе, за тоа придонесоа сериозни реформи. Имаме историски најниска стапка на невработеност 8,9 отсто, стапката на јавниот долг е само 55 отсто, курсот на динарот е цврст како камен, Србија има 62 отсто од вкупните странски инвестиции на Западен Балкан, БДП годинава 60,3 милијарди евра“, истакна претседателот Вучиќ и додаде дека во март годинава очекува просечна плата од 735 евра.
„Голема благодарност што разбравте се што се случи минатата година, не на мене туку што ја разбирав вашата земја. Има луѓе кои знаат дека земјата е поважна од лидерите и партиите“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ истакна дека негова работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија, и дека нема потреба да се доведуваат граѓаните во заблуда, ниту да се прикриваат фактите.
„Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот, мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и секој човек во државата и тоа ќе го направам на најдобар начин и покрај тешките околности со кои се соочуваме. “ изјави Вучиќ.
Подготвено од М.Н.