https://www.facebook.com/photo.php?fbid=507580901371447&set=pb.100063586246127.-2207520000..&type=3

25.01.2023 Скопје

Ресорниот министер, Фатмир Бесими, го образложи зголемувањето на платите во Министерството за финансии кое стартува од овој месец.

Бесими истакна дека морало да се најде привремено решение се додека, од наредната година процесот не профункционира системски, на ниво на цела јавна администрација.

Министерот Бесими истакна дека бројот на вработеми во Министерството за финансии бил преполовен, односно дека голем број на раководители ги напуштиле своите работни места поради незадоволство од своите примања, и поради тоа била донесена одлуката за покачување на платите на вработените кое ќе започне од овој месец.

Според Бесими, ова е предвидено во буџетот и вклопено во однос на 4,6 проценти вкупен дефицит, како и во однос на тоа што значи фискална консолидација.

„Се прават напори да се оптимизира администрацијата од аспект на организациска поставеност на институциите и од аспект на бројот на вработени, а во исто време да се подобри квалитетот и да се зајакне капацитетот“, нагласи министерот Бесими.

Подготвено од М.Н.

About Author