19.01.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин ќе остане сојузник на Киев се додека тоа е потребно, и ќе продолжи да испорачува оружје, вклучително и артилерија, со што јасно, како што нагласи, ќе се избегне војна помеѓу Русија и НАТО.
„Германија е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина. Се разбира, САД се лидери, но сите членки на ЕУ му помагаат на Киев и ќе продолжат да го прават тоа. Што се однесува до Германија, ние им помагаме хуманитарно, економски и воено“, посочи Шолц на Светскиот економски форум во Давос.
Шолц наведе дека Германија на Украина ќе и достави и артилериско оружје, хаубици и ракетни фрлачи со повеќе цевки, и секоја одлука понатаму за помош на Украина ќе биде донесена во договор со ЕУ и САД.
Подготвено од М.Н.