04.01.2023 Скопје
Воениот комитет на НАТО, кој е највисок орган на Алијансата, ќе одржи состанок на 18 и 19 јануари во Брисел на кој меѓу другото ќе се разговара за безбедносната состојба на Косово и за мисијата на КФОР, со фокус на ситуацијата на терен и безбедносното опкружување.
На вториот ден од првата сесија оваа година, министрите за одбрана ќе се сретнат со нивните оперативни партнери на Косовските сили (КФОР) од Ерменија, Австрија, Финска, Ирска, Молдавија, Шведска, Швајцарија и Украина.
Разговорите ќе бидат фокусирани на ситуацијата на теренот, безбедносната средина и мисијата на КФОР, стои во соопштение на веб-страната на НАТО.
Подготвено од М.Н.