02.01.2023 Скопје
Во Украина продолжуваат жестоките битки за важниот автопат, односно за патот П66, кој се наоѓа северно од Кремина. Како што соопштија Британците, веќе пет дена таму се водат жестоки борби.
Британското Министерство за надворешни работи наведува дека, тој пат е клучна рута за снабдување на руските сили во Донбас.
Украина од октомври им прави проблеми на Русите на овој автопат, меѓутоа ако Украина сега успее да ја преземе контролата над овој автопат и да го прекине снабдувањето од Белгород, тоа во голема мера би ја намалило способноста на Русија да го задржи градот Кремина.
Подготвено од М.Н.