https://www.facebook.com/photo.php?fbid=449605490695850&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

06.01.2023 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина кој ќе трае ден и половина, со цел да се одбележи Божик, кој православните христијани го слават во сабота, се наведува во соопштението од Кремљ.

Кремљ соопшти дека Путин наредил 36-часовен прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина.

„Имајќи го предвид фактот дека во областа на непријателствата живеат голем број граѓани од православна вероисповед, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот и да дозволи населението да оди на богослужба на Бадник и Божиќ“, се вели во изјавата на Путин.

Руските сили мора да го почитуваат 36-часовниот прекин на огнот за да го одбележат православниот Божиќ, се вели во соопштението на Кремљ, кое дојде откако рускиот православен патријарх Кирил претходно повика на Божиќно примирје во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author