cisterna

13.01.2023 Скопје

Од товарна цистерна во населбата Топола во Панчево дошло до истекување на амонијак кој бил складиран во резервоар. Протекувањето дошло на паркингот на компанијата Сага, а цистерната била паркирана покрај индустриска пруга која не е јавна железница, која припаѓа на Азотара Панчево.

Во Општата болница Панчево биле примени 10 лица со полесни повреди, од кои двајца се ставени на кислородна поддршка, останатите имале поблаги проблеми со горните дишни органи. Жителите од десетина куќи во близина се евакуирани. Според извештаите, веќе нема никаква опасност за граѓаните.

На југоистокот на Србија воз со амонијак излета од шините на 25 декември 2022 година, поради што 51 лице беше хоспитализирано. Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една од нив паднала во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијак во контакт со вода.

Подготвено од М.Н.

About Author