https://twitter.com/yadvashem/status/1618691562140991489/photo/1

27.01.2023 Скопје

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истакна дека нацистите се обиделе да ги „украдат“ имињата на милиони Евреи пред да ги убијат во Втората светска војна, но на инаугурацијата на инсталацијата на Обединетите нации со имињата на 4,8 милиони жртви на холокаустот, тој оцени дека не успеале во ова и дека убиените „никогаш нема да бидат заборавени“.

Вчеравечер, пред Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, Гутереш изјави дека изложбата повикува на акција бидејќи милиони жртви се неидентификувани, а исто така го повикува светот „да го запре бранот на човечка суровост и да се бори против антисемитизмот и сите форми на расизмот секаде и кога и да се манифестира“.

Големата инсталација „Книгата на имињата на жртвите на холокаустот“ е донесена во седиштето на ОН во Њујорк од Јад Вашем во Ерусалим, Светскиот центар за сеќавање на холокаустот. Висок е два метри, а имињата на 4,8 милиони жртви се напишани на страниците по азбучен ред, идентификувани од Јад Вашем досега.

Некои страници на крајот се празни и ги симболизираат повеќе од милион убиени Евреи кои сè уште не се идентификувани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author