31.01.2023 Скопје
Муслиманите во Индонезија ги запалија знамињата на Шведска, Данска и Холандија откако се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија.
На 21 јануари Палудан запали копија од Куранот за време на протестите пред турската Амбасада во Стокхолм, а потоа холандскиот лидер на екстремно десничарското движење Пегида, Едвин Вагенсвелд, искина копија од Куранот во близина на седиштето на холандската влада.
Локалните власти во Индонезија ги блокираа улиците што водат до амбасадата, каде што беа распоредени повеќе од 200 полицајци и војници, а зградата беше опкружена и со бодликава жица.
Индонезиската Влада остро го осуди палењето на Куранот и ја повика на разговор шведската амбасадорка Марина Берг,а граѓаните на Индонезија бараа затворање на шведската Амбасада во Џакарта.
Подготвено од М.Н.