04.01.2023 Скопје
Температурите за јануари достигнаа највисоко ниво во историјата во голем број европски држави. Националните рекорди паднаа во осум земји, а регионалните рекорди во други три.
Варшава забележа 18,9 Целзиусови степени во неделата, додека во Билбао во Шпанија, беше 25,1 Целзиусови степени, односно повеќе од 10 Целзиусови над просекот.
Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди, а рекордите на станиците беа соборени и во Германија, Франција и Украина.
Додека европа се соочува со високи температури, Северна Америка, пак, се соочува со посериозни бури, односно со смртоносниот зимски студ во кој загинаа повеќе од 60 луѓе.
Подготвено од М.Н.