https://www.flickr.com/photos/50875199@N00/6062328799/in/photolist-4HpMAU-9ztuUE-6dGy5F-4a9mf2-sujm8K-69pV8G-aeH298-aeH29k-5EBW7G-8NzR87-7qoSRq-qGiebQ-2ij2qh3-HhEoc-4HxkvY-4nfMxJ-qs2AsC-4YYKfT-CamdP-UHgnjp-8vv3oH-bJCBUH-4Rig6V-ToStSX-qsasMi-qJzXVT-qsasQp-n99eT-qsamUg-3bpPiE-2hvjXGs-2meqCrn-qJzS2i-bWyZ8e-2g3tD4Y-oPFVgW-qs91jT-26SWNU1-5oaDe9-qJzS6M-5ZD8XQ-2gPcVdC-5gani-U3q4uQ-U3q4xA-5152rz-ToStVT-ToStYZ-U3q4Gd-oMPWZC

31.01.2023 Скопје

Во Франција повторно се очекува бран на протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Синдикатите кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.

Производството на струја е помало за 4,4 отсто, односно 2,9 гигавати, бидејќи во штрајкот учествуваат вработените во термоцентралите и нуклеарните централи, соопштија од енергетската компанија ЕДФ.

Само еден од трите француски брзи TGV возови работи денеска, регионални и локални возови има се помалку, а париското метро работи со многу ограничувања.

Половина од наставниците во основните училишта, според нивниот синдикат, ќе се приклучат на штрајкот, а со работа ќе престанат и вработените во нафтената индустрија.

Претседателот на синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, изјави дека оваа реформа е брутална и неправедна и додаде дека оваа пензиска реформа претставува уназадување на социјалниот живот на граѓаните во Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author