02.01.2023 Скопје
Дубаи го укина данокот на алкохол од 30 отсто, и повеќе нема да се наплаќа за лиценци за алкохол кои се потребни за секој што има намера да пие алкохол.
Ова е само продолжување на трендот и олеснување на законот, откако Дубаи дозволи продажба на алкохол за време на Рамазан, и дозволи негово доставување до домашните адреси за време на пандемијата.
Оваа законска измена е резултат на обидот на владата да го направи градот попривлечен за странските туристи, односно да го поттикне туризмот. Две компании кои дистрибуираат алкохол во Дубаи, Maritime and Mercantile International (MMI) и African & Eastern, тврдат дека укинувањето на данокот ќе влијае и на цените за потрошувачите.
Дубаи е познат како „забавна престолнина“ на Персискиот Залив, а има девет пати повеќе странци отколку локални жители. Низ историјата Дубаи успеа да привлече многу туристи и богати странски работници, делумно поради неговата толеранција за полиберален начин на живот.
Сега Дубаи се соочува со зголемена конкуренција од ривалите кои го развиваат својот угостителски и финансиски сектор.
Жителите на Дубаи мора да имаат најмалку 21 година за да можат да пијат алкохол или да имаат дозвола за алкохол која е во форма на пластична картичка издадена од полицијата. Баровите и ноќните клубови ретко бараат картички, но оние кои консумираат алкохол без издадена картичка може да се соочат со парични казни или апсење.
Подготвено М.Н.