https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3321004478140227&set=pb.100006921214562.-2207520000.&type=3

05.01.2023 Скопје

Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада повторно пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите.

Неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ, траеше само два часа.

Лекиќ изјави дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба, но сепак на крајот се завршило без успех.

Миодраг Лекиќ истакна дека граѓаните треба да протолкуваат кој бил сериозен, а кој не, и додаде дека Црна Гора е на крстопат, но и дека некои поразени сили од 2020 година ќе бидат радосни од овој исход.

Подготвено од М.Н.

About Author