14.01.2023 Скопје
Чесите и денеска ќе гласаат меѓу осумте кандидати на изборите за иден претседател на државата.
Според предизборните анкети, пензионираниот генерал Петр Павел се смета за фаворит, пред поранешниот премиер Андреј Бабиш и професорката по економија Дануша Нерудова.
Овие тројца кандидати имаат шанса да одат во вториот круг на гласање, бидејќи ниту еден од нив според истражувањата, не може да освои 50 отсто од гласовите потребни за победа во првиот круг гласање, кој завршува денеска во 14 часот.
Резултатите од изборите за новиот претседател на Чешка, кој според уставот нема големи извршни овластувања, се очекува да бидат познати денес во попладневните часови.
Подготвено од М.Н.