https://www.flickr.com/photos/126454785@N05/18795591471/in/photolist-uCUjvV-HaLuJE-fwspZQ-57JYWy-8Kdycd-6Xptyt-daa555-3Lb8jM-GrJUGQ-fuZtfk-8Ywn9v-pDHpPM-pnuUx7-pntGPk-pBWRyJ-38BNuG-38BN9j-7ZAE8o-2ke4MEe-iDtjeP-qTA8rS-riNQPs-qTA8u7-rAhzFJ-rAobdx-rQv4v2-riPUYQ-rxZZhU-rQzZg4-qTA7LJ-riPV5G-riNQ5S-8Kdx5j-riWfdD-8KatU8-rAoaVP-riPV3C-3nzn4j-2gp2Brd-7KKnsh-pDXr17-pDHgme-pDXoV5-2Zqef9-aigqcf-aigpSA-pnukSu-hz5fTs-2ZqeDY-aidAHi

21.01.2023 Скопје

Во Берово минатиот месец имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички, соопшти „02 Иницијатива“.

Оттаму појаснуваат дека направиле анализа со споредување на податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години.

Во однос на ПМ10 честичките, во Скопје и Тетово повеќе ги нема високите дневни концентрации со над 500, 600, 700, 800, 900 микрограми на кубен метар, кои беа резултат на големата индустрија која работеше без филтри.

Во декември минатата година, со исклучок на Лазарополе, дневни концентрации на ПМ10 до законски дозволените 50 микрограми на кубен метар, повеќе од половина месец имаат Миладиновци 20 дена, Битола 1, Штип и Берово по 17 дена, Гази Баба со 16 дена и Ректорат со 15 дена.

Во декември 2022 година, единствено во Струмица немало ниту еден ден, во кој ПМ10 биле под 40 микрограми на метар кубен, што го позиционира градот на врвот на табелата на загаденост, соопштија од „02 Иницијатива“.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *