albanija

17.01.2023 Скопје

Се навршуваат 555 години од смртта на албанскиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, и по тој повод албанската Влада донесе одлука наставата во училиштата секој понеделник да започнува со пеење на националната химна.

Министерката за образование и спорт, Евис Куши, на годишнината од смртта на националниот херој ја објави донесената одлука, дека во секоја паралелка, во секое училиште во државата, во понеделниците учениците мора да ја пеат националната химна, пред да почне наставата.

„Со химната на знамето што ја пеат сите ученици денеска, на денот на 555-годишнината од смртта на нашиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, како и со одлука химната да се пее на овој начин во секое училиште, на почеток на секоја нова наставна недела, ви посакувам убав ден“, изјави министерката Куши.

Подготвено од М.Н.

About Author