09.01.2023 Скопје
Албанската министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро објави дека во 2022 година Албанија ја имаат посетено 7,5 милиони странски туристи, и според неа овој број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.
Кумбаро истакна дека покрај зголемениот проток на посетители интересни се и податоците за географијата или земјите од кои што доаѓаат туристите, односно во објавата стои дека 85 отсто повеќе посетители има од Англија, 3,7 пати од Шпанија, двојно повеќе од Словенија, трипати повеќе посетители од Холандија, 84 отсто од Турција, двапати од нордиските земји и секако гостите од Косово кои се најсилен столб на туризмот во Албанија.
Кумбаро додаде дека истиот тренд го покажуваат и посетителите од Балканот, од Северна Македонија и од Црна Гора, додека за над 50 отсто е зголемен бројот на туристи од Романија, Хрватска и Бугарија.
Подготвено од М.Н.