11.01.2023 Скопје
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер соопшти дека ќе ја затвори својата база во Бакау, источна Романија, која ја отвори во 2020 година. Компанијата објасни дека комплицираното макроекономско опкружување го оневозможува продолжувањето на операциите во градот.
На исток од Романија, Виз Ер, исто така, оперира со бази во Јаши и Сучеава, последната штотуку беше отворена во декември 2022 година. Авиокомпанијата ќе продолжи да лета од своите седум бази во Романија, оперирајќи над 60.000 летови месечно до 22 земји.
Чекорот беше преземен „за да го одрази променливиот економски контекст“ во Романија и стапи во сила веднаш, но авиокомпанијата ќе продолжи да оперира со голем број линии од Бакау.
Сепак, летовите за Брисел Шарлроа, Меминген, Болоња, Катанија, Рома Фиумичино, Рома Чампино, Торино и Ливерпул ќе бидат прекинати од 1 февруари. Компанијата им понуди неколку опции на клиентите кои однапред купиле билети.
Виз Ер ќе продолжи да оперира со голем број линии од Бакау, вклучително и до Лондон Лутон и Милано Малпенса. На погодените вработени од базата Бакау ќе им бидат понудени можности во други области на мрежата на Виз Ер.
Подготвено од А.Ѓ.