Image by Freepik

09.01.2023 Скопје

За да се намали загадувањето на животната средина, употребата на на пластични прибори за јадење за еднократна употреба ќе биде забранета во Велика Британија.

Британската министерка за животна средина, Тереза ​​Кофи, најави забрана за употреба на предмети за еднократна употреба врз основа на извештаите од минатиот месец.

Овој потег ќе уследи по консултациите за ова прашање, спроведени од страна на Одделот за животна средина, храна и рурални прашања, коишто траеја од ноември 2021 година до февруари 2022 година.

Кофи истакна дека за да се распадне пластична виљушка потребни се до 200 години.

Официјалните податоци покажуваат дека Англија користи околу 1,1 милијарда чинии за еднократна употреба и 4,25 милијарди парчиња пластичен прибор за јадење годишно, од кои само 10 отсто се рециклираат по употребата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author