02.01.2023 Скопје
Велика Британија целосно го прекина увозот на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина.
Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство соопшти дека, целосно е прекинат увозот на руски ЛНГ, „како дел од одговорот на илегалната инвазија врз Украина“.
Велика Британија уште во октомври ја соопшти својата одлука да го прекине увозот на руски гас од почетокот на 2023 година.
Подготвено од М.Н.