https://www.facebook.com/photo.php?fbid=693465819001983&set=pb.100050157143955.-2207520000.&type=3

14.01.2023 Скопје

Премиерот на Британија, Риши Сунак, се согласи веднаш да испрати четири тенкови Челинџ 2 во Украина, а дополнителни осум да пристигнат подоцна, пишуваат тамошните медиуми.

Повикувајќи се на извор од Даунинг стрит, таблоидот наведува дека премиерот на Британија, Сунак, планира денеска да го информира украинскиот претседател Володимир Зеленски за оваа пратка.

Доколку овие најави се остварат, Велика Британија ќе стане првата западна сила што ќе испрати борбени тенкови во Украина.

Оваа одлука е значаен чекор напред, особено поради стравот дека Русите би можеле да го сфатат како ескалација на војната.

Подготвено од М.Н.

About Author