24.01.2023 Скопје
Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, соопшти дека идниот месец ќе дојде до забрзување на примената на таканаречениот економски и инвестициски план за Западен Балкан, потсетувајќи дека станува збор за помош од 30 милијарди евра.
„Тој план значи инвестирање во големи инфраструктурни проекти заради поврзување во енергетската, транспортната и во дигитално-економската смисла, што не беше случај во изминативе 30 години“, истакна Вархеји.
„Тоа може да им ги отвори вратите на европските компании, а и нашите банки и инвестициски фондови исто така можат да најдат свој интерес во сето тоа“, појасни еврокомесарот.
Вархеји, во своето обраќање на конференцијата „Италија и Западен Балкан, раст и интеграција“ што се одржа во Трст, нагласи дека само преку инвестиции може да се смени состојбата на Западен Балкан за да може целосно да и се приклучи на ЕУ.
Подготвено од М.Н.