30.01.2023 Скопје
Во текот на неделава, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во Брисел ќе се сретне со претставници на македонските Бугари на нивно барање, поради „институционалната омраза и систематска дискриминација против нив во Република Северна Македонија“.
Средбата со Вархеји ќе се одржи една недела по претепувањето во Охрид на Христијан Пендиков, кој сега е на лекување во Софија.
Во писмото до Вархеји македонските Бугари се жалат дека во Република Северна Македонија од страна на локалните и централната власт нема желба за дијалог со нив.
Во делегацијата на македонските Бугари ќе бидат Петар Колев, Ѓорѓи Трендафилов и Љупчо Георгиевски.
Подготвено од А.Ѓ.