25.01.2023 Скопје
Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за работа на Владата за 2023 година, којашто е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2023 година на Владата на Република Северна Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2024 година.
Обезбедување забрзан, одржлив и инклузивен економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, унапредување на енергетската транзиција, инвестирање во енергетска ефикасност и зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, справување со последиците од светската пандемија предизвикана од Ковид – 19 и други кризи, се во планот на реализација на Владата за 2023 година.
Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија, унапредување на одбранбената политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност.
Обезбедување на владеење на правото и независност на правосудството, подигнување на квалитетот на образованието достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот, професионална и ефикасна јавна администрација, поддржана со интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.
Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална култура, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.
Подготвено од М.Н.